ВМРО-ДПМНЕ: Дали е точно дека Заев ги прифатил сите барања од бугарската држава врзани со историјата и македонскиот јазик

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ јавно прашува што договорил Зоран Заев и дали е точно дека ги прифатил сите барања од бугарската држава врзани со историјата и македонскиот јазик?

Од владејачката партија има молк по ова прашање, а отвора простор за сомнеж дека повторно на пазар се поставени македонската историја и македонскиот јазик?

Дали дел од пакетот на договор е фактот што Заев во честитката за Св. Кирил и Методиј ниту еднаш не го спомена зборот македонски јазик“, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

„За само неколку месеци ретроградната политика на Заев создаде проблеми со сите соседи на Република Македонија.

Освен проблемот со Бугарија и кочењето на евроатланските интеграции, Заев преку Пендаровски директно се замеша во разговорите помеѓу Белград и Приштина, а последно е што се создаваат и проблеми со западниот сосед

Заев со неговата неспособна надворешна политика создаде спорови со сите соседи на Македонија.

Заев не е способен да испорача резултати на ниту едно поле.

ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев, добивме хибриден режим неспособност, криминал и сиромаштија“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски