ВМРО-ДПМНЕ: Да се вратат патните исправи на лицата опфатени во предметите на Јанева

Од:

„Владата на СДС наместо да работи на мерки за подобрување на животот на македонските граѓани, маки мачи за да креира црни сценарија против раководството на ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните на Република Македонија за овие 40-тина дена не видоа ни М од мерка од Владата предводена од СДС.

Владата на СДС докажа дека не е реформска влада туку антиреформска.

Целата македонска јавност е сведок дека СЈО е нивна алатка и се обидува под притисок да го принуди судот да одлучува политички, против ВМРО-ДПМНЕ и раководството на партијата.

По кој знае кој пат, СЈО докажува дека работи под диктат на раководството на СДС.

Намерата на СЈО е очигледна. Тенденциозно, политички да се оцрни партијата и нејзиното раководство. Затоа СЈО бара мерки исклучиво против членови на ВМРО-ДПМНЕ. Затоа се одземаат патни исправи само по партиска линија без никакви издржани аргументи. Судот е свесен дека никој нема намера да ја опструира правдата и да бега затоа што не е сторен никаков криминал. Се е политичка конструкција на СЈО/СДС.

Затоа и судот го отфрли барањето за притвор. Не постои опасност од бегство и нема потреба од одземање на пасошите. Со одлуката да не се изрече притвор, а да се одземат патните исправи се постигнува лажна неутралност која има директни политички импликации. Особено пред локалните избори се става во повластена позиција СДС, а политички се оцрнува ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ бара судот да не влегува во ничии сценарија и да не биде нечиј инструмент за спроведување на одредено сценарио инспирирано од оние кои се плашат од Никола Груевски и доминантната поддршка која што ја има ВМРО-ДПМНЕ меѓу народот. Судот да ги отфрли политичките барања на СЈО и да донесе одлука со која што ќе се вратат патните исправи на лицата опфатени во предметите на Катица Јанева.

Затоа што СЈО без докази, без било какви аргументи врши политичка хајка.

Ова е уште еден доказ дека СЈО дејствува како политичка алатка, а не како правна институција“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања