ВМРО-ДПМНЕ: Јавното обвинителството да провери дали Црвенковски направи кривично дело

Од:

ВМРО-ДПМНЕ во денешната реакција бара одговор од јавното обвинителство дали Бранко Црвенковски оддал државна тајна и со тоа сторил кривично дело.

„Околу оддавањето на државна тајна во емисијата каде беше Бранко Црвенковски и уште побитно, неовластеното присвојување на државна тајна од негова страна, за што тој нема право, меродавно за одговор е јавното обвинителство и тие треба да дадат одговор, а ние сме сигурни дека Груевски ниту некогаш оддал ниту некогаш ке одаде државна тајна, како што вчера Бранко Црвенковски противправно тоа го направи, дејствувајќи на начин што создава сериозни основи на сомнение дека сторил кривични дела“, пишува во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата реагираат по синоќешното интервју на Бранко Црвенковски во кое покажа документ за кој посочи дека е доказ како Никола Груевски во 2005 година го одбил предлогот „Republic of Macedonia“.

„Вчера БЦ призна дека прифатил предлог на Нимиц во 2005 година, а денес може да видиме дека тој предлог не содржи никакви гаранции за македонскиот идентитет, за македонската националност и македонскиот јазик“, реагира ВМРО ДПМНЕ

„Значи Црвенковски прифака промена на македонскиот идентитет, како што се гледа од предлогот и анексот кој е денес објавен, а дури и фалсификуваниот предлог кој го објавува и нивниот партиски портал плусинфо, говори дека Црвенковски прифатил предлог, во кој не стои терминот македонски или macedonian за означување на националноста.

Бранко Црвенковски се откажа од македонскиот идентитет и тоа и вчера и денес го потврдува СДСМ, преку потенцирањето дека го прифатиле предлогот, а тој наводно бил добар за идентитетот, иако гледаме дека гаранции за идентитетот не постојат или како што народот вели, ако баба лаже трап не лаже.

Се си е јасно и прецизно напишано во предлогот, а гаранции за идентитетот НЕМА.

Паднаа маските, СДСМ по кој било пат потврди дека не е за заштита на македонските национални интереси“, пишува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски