ВМРО-ДПМНЕ: Црвенковски конечно треба да научи да ги почитува граѓаните на Македонија

Од:

ВМРО-ДПМНЕ смета дека прес-конференцијата на Бранко Црвенковски е обид за дезертерство од неговата сопствена одговорност по убедливиот пораз кој му се случи на СДСМ на локалните избори.

– Ова е лош, паничен и провиден начин на Црвенковски единствено со цел да се оправда пред целото членство. Во ова негово правдање не  веруваат ниту најтврдите поддржувачи на СДСМ, изјави по полноќ на прес-конференцијата директорот на Центарот за комуникации  на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски.

Тој потсети дека потпретсадтелот на СДСМ Гордан Георгиев неколку пати во текот на вечерта одржа прес-конференции на кои ја информираше јавноста за одредени водства на СДСМ низ општините во Македонија за по шест часа од затворањето на избирачките места да ги прогласи изборите за нерегуларни и да најави бојкот на вториот круг од изборите.

– Очигледно е дека Црвенковски се одлучи на овој чекор кога виде дека во скоро сите општини низ цела Македонија неговиот пораз е повеќе од убедлив. Тоа не го стори ниту во текот на денот, ниту веднаш по затворањето на избирачките места, туку чекаше да ги види резултатите. Ваквото сценарио беше очекувано и повеќе пати најавувано низ медиумите во последниот месец, посочи во реакцијата Илија Димовски.

Тој потенцира дека бројот на неправилности во постапката  од аспект на бројот на избирачки места, според информациите што ги поседуваат, е далеку помал од забележаните неправилности во текот на претходните парламентарни избори во 2011 година.

– Овој паничен и кукавички обид за барање оправдување на Црвенковски нема да му помине. Ова е недозволиво. Црвенковски мора да се соочи со волјата на граѓаните кои веќе седми пат ја поразуваат неговата погубна политика на празни зборови и лажни ветувања. Црвенковски конечно треба да се научи да ги почитува граѓаните на Република Македонија, посочи на прес-конференција Илија Димовски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ