А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Центарци не заслужуваат фејсбук градоначалник

by А1он14/02/2017 - 15:0897
Share0

„Се наоѓаме пред најскапата улица воопшто уредена во целата држава. Мрзеливиот Жерновски преуреди улица од 270 метри која чини неверојатни 710.000 евра. Секој еден метар од оваа втора боемска улица чини 2.629 евра. Како што можете да видите, не се ова златни плочки, туку обичен бехатон.

Добивај вести на вибер

И за втората боемска улица од општината рекоа дека ќе биде забранета за паркирање и ќе биде пешачка зона.

Но, од она што може да се забележи изминатиот период, боемската улица е една од најпрометните сообраќајни улици во Дебар Маало. Притоа, може да се забележат и видни оштетувања. Демонтирани столбчиња, искршени држачи за велосипеди, разлабавени плочки.

По само неколку месеци, боемската улица на мрзливиот Жерновски, почна да го доживува својот инфраструктурен крах.

Истите тие пари кои ги потроши за боемската улица Жерновски можеше да ги инвестира во градинки, училишта и други капитални проекти кои им се потребни на граѓаните на Општина Центар.

Мрзливиот Жерновски го преспа целиот мандат. Единствено што сработи се двете боемски улици за себеуживање и скапите забави, тамбураши и ди-џеи. На ваквото недомаќинско работење му доаѓа крајот. Центарци заслужуваат градоначалник кој ќе одговори на нивните потреби и барања, а не фејсбук градоначалник“, изјави Илија Илијовски, Претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Центар и советник во Општина Центар.

centardpmne

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 13:11

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Катерина Ѓуровски18/03/2026 - 11:12

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски09/03/2026 - 12:0709/03/2026 - 12:07

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

Катерина Ѓуровски01/03/2026 - 13:35

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски15/02/2026 - 12:24

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски11/02/2026 - 14:1211/02/2026 - 14:51
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен