ВМРО-ДПМНЕ: Царовска не сака да види дека учениците и родителите се против укинувањето на учебниците и ја крие вистинската причина за ваквиот чекор

Од:

„Арогантната и тврдоглава министерка за образование и наука, Мила Царовска продолжува со самоволието и по протестот на родители, наставници и ученици. Мила Царовска не гледа дека и се случува силен револт против реформите во образованието.

Мила Царовска не сака да согледа дека јавноста е особено против укинувањето на печатените учебници и промовирање на елитистички приод со само дигиталните изданија на учебници и онлајн настава“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

„Царовска е упорна во ширење полувистини дека учебници ќе има, но не кажува дека ако се донесе законот, тие ќе бидат само дигитални и недостапни за сите ученици.

Царовска се уште ја крие вистинската причина за ваков чекор незабележан до сега во Европа.

Царовска упорно тврди дека ВМРО-ДПМНЕ стои зад протестите и не дозволува модерни реформи во образованието.

ВМРО-ДПМНЕ упорно ѝ предочува дека не е против модернизација и дигитални учебници, но и предочуваме дека за учениците бараме и печатени учебници и настава со физичко присуство, затоа што нејзините лажни вести со успешноста на онлајн наставата станаа јасно видливи.

Да, ги подржуваме барањата на родителите, наставниците и учениците и сме против избрзани, необмислени и натурени реформи.

Нема да дозволиме експеримент над деца и нема да дозволиме насилно наметнување на несоодветни промени за постоечката инфраструктура.

ВМРО-ДПМНЕ се спротивставува на експерименти над децата! ВМРО-ДПМНЕ се спротивставува на дискриминација на учениците! ВМРО-ДПМНЕ се спротивставува на укинување на бесплатното образование“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски