ВМРО-ДПМНЕ: Царовска насила спроведува промени, учениците сакаат хартиени учебници, не ги дискриминирајте децата

Од:

„Да имаше Мила Царовска барем малку чувство за потребите на сопствениот народ, ќе прошеташе меѓу него и ќе разбереше дека насилната реформа, која ја спроведува во образованието е осудена на пропаст. Наместо тоа, таа повторно не најде време да се соочи со претставниците на околу 75000 родители.

Дигиталните учебници без хартиен учебник е неприфатлив за поголем дел од населението, иако само 75000 се осмелиле, во тоталитарниот режим, да го обзнанат своето мислење. Оние кои немаат дигитални уреди и припаѓаат на ранливите категории нема ни каде, ни кому да се обратат“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

„Дополнително, не се слуша ни гласот на учениците. Тие бараат, децата бараат, хартиени учебници и настава во училиштата со физичко присуство. Тие самите се повеќе свесни за социјалната разлика која се создава со ваквиот непромислен проект. Тие самите се борат за знаење, додека арогантната министерка упорно натура свои идеи.

Министерке, наместо ароганцијата и игнорантност покажете барем малку сочувство. Ќе биде покорисно за образованието“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски