ВМРО-ДПМНЕ: Буџетот на градот е блокиран поради неспособноста на Арсовска и желбата да прави политика

Од:

Буџетот на градот е блокиран поради неспособноста на Арсовска и желбата да прави политика, ребалансот е изгласан така како што Арсовска сакашен. Не се вистина тврдењата дека буџетот е блокиран поради ВМРО-ДПМНЕ, туку тој е блокиран поради неспособноста на Арсовска и желбата да прави политика дури и од носење на ребаланс реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција на Арсовска.

– Ребалансот е изгласан така како што беше предложен од Арсовска и градот Скопје дополнет со амандмани предложени од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за помош на ФК Вардар, за субвенции за социјално ранливи категории, за други инфраструктурни проекти. Ставките од кои се црпеа овие средства се истите кои беа ставени на увид од градот Скопје. Арсовска е должна да каже зошто е потрошено повеќе средства од тоа што е прикажано, и зошто не ја прифати отворената понуда на поранешниот министер за финансии и актуелен претседател на Совет Трајко Славески да се состави амандман со кој ќе се изнајдат средствата кои се потребни за исполнување на амандманите. Арсовска свесно го доведе градот во ситуација на блокада за да потоа го обвини ВМРО-ДПМНЕ. Наместо да политизира нека се стави над ситуација и нека почне да решава проблеми се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче