ВМРО-ДПМНЕ: Буџетот никогаш не бил кочен преку огромен број амандмани

Од:

Наместо да пишува рокорден број на амандмани со своите опозиоциски колеги, со кои ќе се кочи донесувањето на буџетот за 2013 година, Мисовски требаше да го разгледа предлог буџетот на Владата. Таму јасно ќе видеше дека оваа Влада предвидува средства и за капитални инвестиции и за изградба на патишта и водоводи, но и за инвестиции во здравството и образованието, реагираше ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на потпретседателот на собраниската Комисија за финасирање и буџет, Горан Мисовски од НСДП, во која тој тврдеше дека Комисијата нормално работи и не го кочи донесувањето на Буџетот.

– Само да го потсетиме Мисовски дека и претходните години се носел буџет, но тој никогаш не бил кочен преку огромен број на амандмани и беспредметни расправи од страна на опозициските пратеници. Тоа е неодговорно и е на директна штета на граѓаните – стои во реакцијата на владеачката партија.

ВМРО-ДПМНЕ додава и дека Мисовски е член на партија која со ниту еден конкретен проект не придонела во подобрување на стандардот на граѓаните.

– Мисовски, иако десет години се занимава со политика активно, нема зад себе ни камен на камен оставено. Граѓаните не се сеќаваат барем еднаш да дал конструктивен предлог за некое прашање, кое им е во директен интерес. Цело време само слепо ги слушаше наредбите на својот лидер Тито Петковски, наместо да ги слуша потрбите на граѓаните – стои во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Тројната оска СДСМ-ДУИ-Левица функционира затоа што власта им е помила од се во животот

Ружински: Патот до Струмица е нашата главна врска со еден од најважните економски центри во регионот

Вистинскиот избор за Карпош е Сотир Лукровски, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче вчера вика судството било професионално, а Марковски за криминал од 100 милиони добива само куќен притвор

Стаменкоска Трајкоска: Во изминатите четири години во Кисела Вода се работеше за народот, така и ќе продолжиме

Следи голем инвестициски циклус, каде покрај средства од општините и Владата, обезбедени се и финансии од Светска банка, вели Николоски