ВМРО-ДПМНЕ: Бројот на починати од корона надмина илјада лица, Филипче мора да одговара

Од:

„Црните рекорди на Филипче продолжуваат. И додека бројката на заразени се движи околу 30 проценти од бројот на тестирани во едно деноноќие, Филипче наместо да делува си тера пиар – носете маски.

Додека владата ја води Заев, а Филипче министерува со ресорот здравство ништо не помага. И додека Заев и Филипче се држат само до носи маска, државите во Европа спроведуваат многу конкретни мерки“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

„Но, кај нас Заев и Филипче чекаат?! Така велат самите. Додека Заев и Филипче чекаат и си ги тераат бизнисите, граѓаните се оставени сами на себе.

Ниту политичката Комисија за заразни болести не знае очигледно ништо повеќе од носете маски. Затоа за оваа ситуација кога има повеќе од илјада лица починати и сме високо на листата по починати лица на милион жители мерката е јасна – Филипче да поднесе оставка“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски