ВМРО-ДПМНЕ: Бонбона бизнисот на Шеќеринска ја поскапе струјата

Од:

„Стар текст од прес конференција, претходно прочитан веќе неколку пати, му подметна денеска раководството на СДСМ на пратеникот Миле Андонов, што покажува дека од опозицијата се веќе без идеја и нивните пресови станаа секојдневие“, излезе со реакција владечакта партија на изјавите на Андонов.

„Темата за поскапување на струјата е апсолвирана. Граѓаните денес плаќаат поскапа струја како резултат на бонбона бизнисот на Шекеринска, кој беше направен во време кога СДСМ беше на власт. Со тој бизнис се изврши продажба на државниот монопол и пренесување на монополските овластувањата во рацете на приватна компанија“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму сметаат дека СДСМ придонела во енергетскиот сектор само со криминал и разграбување.

Обвинуваат дека опозиционата партија има проблем и обврска да објасни како се трошле буџетските пари во нивно време и потсетија дека за директорот на ЕСМ, за време на владеењето на СДСМ, Панде Лазаров, постои правосилна пресуда за проневера, во времето кога ја вршел функцијата директор.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела