ВМРО-ДПМНЕ бара оставка и кривична одговорност за Османи: Го понижува македонскиот народ

Од:

Непочитувањето кое СДС и ДУИ го прават кон Македонија стана пракса за која никој од нив не понесува одговорност. Затоа бараме кривична одговорност за Османи, надлежните органи веднаш да поведат постапка и конечно во Македонија да се поведе соодветна постапка за дела против нарушување на угледот на државата како што е овој случај рече на прес конференција портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева.

– Османи веднаш да поднесе оставка од позицијата министер за надворешни работи, тоа е најмалку што може да го направи по ваквиот недржавнички потег кој е понижувачки кон сите граѓани на Македонија. Срамен, недржавнички и понижувачки е односнот на Бујар Османи кој во својство на министер за надворешни работи на меѓудржавна средба не го користи македонскиот јазик како официјален јазик на Република Македонија.Од официјалната средба на Османи со министерот за надворешни работи на Шпанија преку прес конференцијата јасно се гледа дека Османи единствено го употребува албанскиот јазик, иако е јасно кој е службен јазик на Македонија за меѓународна употреба утврден со Уставот. Ова однесување е кршење на Уставот на државата, но и на самиот Рамковен договор. Османи да престане да биде лицемерен државник кој не пропушта прилика да нагласи како Македонија е почитувана земја од другите држави и конечно да почне тој самиот да ја почитува државата чиј државјанин е, а воедно и официјално именувано лице платено од парите на граѓаните рече Митева.

Би можело да ве интересира

Кавга меѓу ВЛЕН и Бујар Османи за „српски свет“

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање