ВМРО-ДПМНЕ бара обвинителот Коцевски да си поднесе оставка

Од:

Од вчерашното гласање на СДС во Собранието, каде не ја поддржаа интерпелацијата за главниот обвинител Љупчо Коцевски, се е јасно. СДС го штити Коцевски, а Коцевски за возврат го штити СДС и нивните кадри потонати до гуша во криминал за да не одговараат. Негласањето на СДС за интерпелација на главниот обвинител Љупчо Коцевски е одговор на прашањето, зошто никој од СДС не е во затвор, а има низа постапки, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски.

– Сега е јасно и кој ја мати водата за Кочани. Истите тие кои претпладне правеа пресови за Кочани, сега сметаат дека Коцевски добро ја работел работата. Очигледно е кој свири, а кој игра во обвинителството. СДС гледа на нивниот обвинител Љупчо Коцевски како на последно упориште. Во тоа им се приклучува и ДУИ, кои заедно со Коцевски бараат спас за криминалот на Филипче, Заев и Али. Тоа е всушност и пораката од СДС до Коцевски, или е со штитот или на него, кој во периодот кој доаѓа ќе треба да извршува се повеќе насоки. Оттука го повикуваме Коцевски да покаже грам доблест и да не чека ниту час, туку веднаш да ја прими пораката на Собранието, и волјата на народот преку гласањето во Собранието и да си поднесе оставка. Секое понатамошно седење на функцијата спонзорирано од СДС и ДУИ ќе му го руши и онака слабиот углед и целосно ќе го стави во функција на измеќар и метлар на мафијата.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Катерина Ѓуровски

Државниот обвинител Љупчо Коцевски поднесе оставка

Катерина Ѓуровски

Предлогот за разрешување на државниот обвинител Коцевски во Собранието

Предлогот за разрешување на јавниот обвинител Коцевски утре на собраниска седница

Предлог одлуката за разрешување на Коцевски пристигна во Собранието

Горан Наумовски