ВМРО-ДПМНЕ бара обединување околу Резолуцијата за националните прашања

Од:

„Собранието како законодавен дом е вистинското место каде што наместо поларизација, политичките сили треба да се обединат и да донесат заедничка резолуција“, рече пратеникот Антонио Милошоски презентирајќи ја Резолуцијата што ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поднесе до Собранието.

Резолуцијата вели Милошоски ќе ги дефинира македонските државни позиции за евроинтеграциите, но исто така и позициите во однос на било какви негирања на македонскиот јазичен, културен или национален идентитет.

“Собранието ја обврзува и ја насочува Владата, но и сите надлежни органи задолжени за надворешната политика и евроинтеграциите да постапат во рамките на позициите утврдени со оваа Резолуција” – се потенцира во документот кој го нуди опозициската партија.

Тој вели дека власта треба да биде подготвена во Собранието да се отвори расправа за широк консензус за предлог резолуцијата за македонските црвени линии која што доколку се усвои од Собранието на Македонија нема да биде од помош само за македонската дипломатија и општество туку ќе им помогне и на нашите пријатели во рамките на ЕУ.

„За тоа сметаме дека владејачката коалиција, опозиционите партии и секој пратеник поединец би било добро да ја разгледа оваа предлог резолуција и ние во следниот период ќе направиме напори за оваа предлог резолуција во Собранието да разговараме со пратениците од Алијанса, Алтернатива, од ЛДП, од ДОМ, од Демократски сојуз, од Левица, и од други партии кои што ценат дека една заедничка политичка предлог резолуција ќе ги зајакне македонските дипломатски позиции, а исто така ќе упати една праведна и јасна порака и до Бугарија и до нашите пријатели во ЕУ“, вели Милошоски.

Според него, ваквиот пристап би бил сериозен и одговорен, и носењето на една заедничка политичка резолуција за македонските национални позиции за евроинтеграциите врз основа на македонскиот идентитет како европска вредност е корисна работа и граѓаните тоа би го поздравиле.

Би можело да ве интересира

Милошоски: Владата се брза да протне уште стотина свои обвинители и судии, бидејќи знае дека е во заминување

Милошоски го спасија измените на кривичниот законик: Нема да одговара за злоупотреба на службена положба во „Моќник“

Орце Костов

Милошоски до Маричиќ: Кога си неизживеан вицепремиер, умислен мачомен и без срам провоцираш жена, сопруга и пратеничка со недоличен сексизам

Орце Костов

(ВИДЕО) Милошоски: Ковачевски и Ахмети преговараа амнестија со Груевски

Предвремени избори до крајот на оваа година, бара Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ

Орце Костов

Нова провокација во клучен момент – Бугарското МНР за реакциите во земјава за децата од „Мал битолски Монмартр“

Катерина Ѓуровски