• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ бара надзорна расправа во Собранието за откупната цена на грозјето

by А1он22/09/2020 - 12:05176
Share0

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ до Собранието ќе поднесе барање за надзорна расправа за откупот и откупната цена на грозјето, со цел, како што посочуваат, да се постигне консензус помеѓу сите засегнати чинители и да се достигне достоинствена цена за килограм грозје.

Добивај вести на вибер

-Лозарите се излажани и изманипулирани од СДСМ и Зоран Заев лично. Грозјето скапува на нивите. Откупната цена во моментов е најниска откако се памети, и истата изнесува мизерни 6 – 7 денари.Меѓутоа и по овие потценувачки цени милиони килограми на грозје стои необрано бидејќи владата подолг период не му пристапи на овој проблем сериозно. Потребни се итни мерки за да се превенира социјална катастрофа, изјави пратеникот Зоранчо Јованчев од ВМРО-ДПМНЕ.

На надзорната расправа ќе бидат повикани претставници на здруженија на лозари од цела држава, претставници на винариите и стручни лица од Факултетот за земјоделски науки и храна. Според пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, проценките на експертите се дека од овогодишната реколта веројатно нема да бидат откупени до 60 милиони килограми винско грозје, што претставува потфрлање од безмалку 40 отсто.

-Од надлежните институции освен лажните и несериозни ветувања и оптимистички најави нема ниту еден релевантен податок. Класично потфрлање на целиот државен земјоделски систем кој во било која подобро организирана аграрна земја не смее да се случи. Напоменуваме дека причините за хаосот во откупот на овогодишната реколта се пред се во државните институции. Потребни се брзи чекори на делување, рече Јованчев.

Тој најави дека дополнително во идниот период ќе отпочнат процес на стручна расправа и од потребите за донесување на закон за лозарство, со кој детално ќе биде регулирана областа, ќе се гарантира заштитна откупна цена под која нема да може да се оди, и ќе се регулира начинот на производство на насока на заштитните средства и препарати кои може да се употребуваат, а со цел добивање на поквалитетен краен производ.

dpmne

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Катерина Ѓуровски14/01/2026 - 12:32

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски12/01/2026 - 11:4412/01/2026 - 13:52

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски17/12/2025 - 14:2717/12/2025 - 14:45

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

Катерина Ѓуровски16/12/2025 - 13:06

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски07/12/2025 - 11:4307/12/2025 - 17:40

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

Катерина Ѓуровски07/12/2025 - 10:50
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен