ВМРО-ДПМНЕ бара да се спроведе „специјален режим за работа“ на продавници и пазари

Од:

„Здравјето на граѓаните на Република Македонија е прв и најголем приоритет. ВМРО-ДПМНЕ е подготвена со тим од најврвни стручни лица и доктори да помогне на граѓаните и на државата. Станува збор за најдобри човечки потенцијали од областа на медицијата, но и психолози, социолози, и луѓе кои знаат менаџмент. ВМРО-ДПМНЕ е на став дека во вакви времиња, кога е загрозено здравјето на секој граѓанин во Македонија, секој треба и мора да се однесува одговорно, особено политичките субјекти, иако државата е во предизборие. Затоа ВМРО-ДПМНЕ смета дека не треба да има политизација на состојбата во која се наоѓа државата и целиот свет. Здравството е сектор, каде што мораме да се однесуваме надполитички, особено во ваков амбиент. ВМРО-ДПМНЕ ја подаде раката и смета дека сите политички субјекти, треба да се вклучат во борбата против вирусот за кој Светската здравствена организација прогласи пандемија“, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Членовите на Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ се во постојано заседавање и сметаат дека е неопходно прогласување на кризна состојба на целата територија на Република Македонија. Исто така Комисијата предлага и други чекори:
Затворање на сите граници за патници, освен за итните случаи и оние чиј карактер на движење тоа го налага. Мора да се затворат границите со цел ставање под контрола на состојбите. ВМРО-ДПМНЕ бара да се спроведе „специјален режим за работа“ на продавници и пазари. Односно, вшалтерски систем на продажба или да се овозможи наизменично влегување само на неколкумина потрошувачи низ продавниците и тоа да биде низ соодветна процедура. Трето, да се подготви „Бел план“ за болниците во земјата, што значи зголемување на капацитетите и целосен скенинг и разработено сценарио при влошување на состојбата. И доколку треба да се побара и меѓународна помош која ќе биде експертска и советодавна. Комисијата бара и да се вреднува трудот на огромен број професионалци и колеги доктори и здравствен персонал кои даваат надчовечки напори во третман и превенција со корона вирусот со што го изложуваат своето и здравјето на најблиските под ризик. Ова важи и за полицајците, цариниците и сите служби кои се во првата линија на судир со епидемијата. И затоа бараат владата да донесе одлука за парична награда на докторите и медицинскиот персонал, полицајците, царниците и сите служби кои директно вклучени во справувањето со последиците од вирусот“, се додава во него.

„ВМРО-ДПМНЕ очекува сериозност од владата и министерството и прифаќање на понудените мерки. Секој живот е од непроценлива вредност. Сите сме граѓани на Република Македонија и сите сме засегнати за актуелната ситуација. Партиите не треба да се борат за политички поени и треба да си помогнеме едни на други. Сега не е време за политичка борба, туку е време за хуманост, делување и подадена рака“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Дали познат доктор и поранешен градоначалник одбил функција во раководството на СДС затоа што не го смета Филипче за релевантен?

Манасиевски: Дали е точна информацијата дека никој не сака да му се нафати на Филипче да му биде во раководството на СДС?

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција

ВМРО-ДПМНЕ: Орце Ѓорѓиевски и мнозинството ќе го постават Скопје на нови, здрави темели, за чист и модерен главен град

ВМРО-ДПМНЕ: Нашите советници гласаа за сите одлуки предложени од Арсовска поврзани со Комунална хигиена

Арсовска: Кадрите на Мицкоски се надлежни за Комунална, тие се во Управниот одбор и во Советот на градот