ВМРО-ДПМНЕ: Аздисаниот Пеце Мирчевски се пишал новинар за да патува во Бугарија

Од:

Кадрите на СДС со години ги користеле институциите на државата за лукративни цели и богатење на лица блиски до врхушката на СДС. Кадарот на СДС Пеце Мирчевски ја користел СОЗР за личен профит и местеле тендери во четири очи од кои потоа дебело профитирале. Мирчевски од СДС потрошил десетици илјади евра службени пари за патувања, авио билети и сместувања, кои не биле службени, туку приватни. Пеце Мирчевски го оштетил буџетот на СОЗР за 29.000 евра, потпишувајќи неосновани решенија за резервации на хотели, авионски билети и службени патувања кои не биле оправдани, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Наместо СОЗР да се користи во корист и служба на граѓаните, била користена за богатење на Пеце Мирчевски. Во периодот од 1 јануари 2022 година до 13 јуни 2024 година, Пеце Мирчевски во повеќе наврати потпишувал решенија за резервации на хотели, како и авио-билети за патувања во странство, со образложение дека се работи за службени потреби, иако во реалноста тие патувања не биле поврзани со неговата функција. На овој начин, тој го оштетил буџетот на СОЗР за 29.000 евра.

Аздисаноста на Пеце Мирчевски одела до таму што се пишувал и како новинар, за да патува во Бугарија, за каде патот и смештајот му е платен како на новинар. Мирчевски од СДС освен што свесно и со умисла, извршил службени дејствија кои што не смеел да ги изврши, се расшетувал со народни пари. Мирчевски користејќи ја функцијата директор, остварувал директна материјална корист, за себе и за свои блиски лица. Одговорност има, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

Левица: Брутална партизација на Државната второстепена комисија – ДПМНЕ ја претвори независната институција во партиски штаб

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија

(ВИДЕО) Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито