ВМРО-ДПМНЕ: Автопатите и магистралните патишта со кои што СДСМ се фали се отпочнати во време на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Од фотелјата на која што седи Зоран Заев и зградата во која што работи, преку стадионот и спортската сала во која што од срам не доаѓаат да ги гледаат натпреварите на македонските репрезентации, преку аеродромите на кои слетуваат или жицарницата на која што ги возат своите гости во Скопје, се тоа се проекти на ВМРО-ДПМНЕ, вели ВМРО-ДПМНЕ во писмена реакција на соопштението на СДСМ.

„Граѓаните гледаат и паметат. Заев го троши рекордно најголемиот буџет во историјата на државата, а има рекордно најниско ниво на капитални инвестиции.

Тоа е така затоа што на Заев и расипниците околу него во глава им е само криминалот и личното богатење. Време е СДСМ да се отрезни.

Што побргу СДСМ се отрезни, тоа подобро за државата. СДСМ за овие две години ништо не направи за доброто на граѓаните. Освен крадење и задолжување на државата, Заев не направи ништо.

Граѓаните многу добро знаат дека автопатите и магистралните патишта со кои што СДСМ се фали се отпочнати во време на ВМРО-ДПМНЕ, а голем дел од нив се доведени во финална фаза на реализација, залудни се трубачите на Заев.

Македонските граѓани немаат кратка меморија, многу добро паметат кој што направил за нивното добро.“, се наведува во реакцијата на партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ