ВМРО-ДПМНЕ: Автократот од Форино викан Талат, изигрува и уставен судија, само да ја спаси кариерата на Ковачевски

Од:

Талат Џафери со отфрлањето на иницијативата за референдум за договорот со Бугарија всушност се обидува да ја спаси кариерата на Ковачевски барем за одредено време. Затоа автократот од Форино викан Талат, се стави во функција и на Уставен судија. Но тешко на таа власт и на тој премиер на кој Талат ќе му чува грб и ќе му толкува Устав и правни норми велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Очигледно се свесни дека доколку се одржи референдум скоро милион гласачи ќе излезат и ќе го отфрлат Договорот. Народот знае дека Договорот кој го донесе СДС е штетен и е извор на асимилаторските и негаторски политики кон Македонија. Огромното мнозинство на граѓани, вклучително и значаен дел од членовите на СДС се против понижувањата кои произлегуваат од него. Резултатите денес ги гледаме сите, се менуваат учебници за личности и настани од македонската историја, се негира македонски идентитет, јазик и култура, се погазува честа и достоинството на македонскиот народ. Само антимакедонската СДС и негаторските кругови во Софија се радуваат на ова. Ако имаше храброст Ковачевски кој со денови се крие, ќе прифатеше референдум и ќе видеше што мислат граѓаните за неговите политики. Вака бега од соочување со народот и моли кај Талат и во Мала Речица да му овозможат уште некој месец власт. Но бегање од народ нема. Нема бегање од казна и катастрофален пораз се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус