ВМРО-ДПМНЕ: Антонио Милошоски силно се залага за евроатлантските интеграции на Македонија

Од:

Од ВМРО ДПМНЕ велат дека СДСМ е најголемиот кочничар на европските интеграции за Македонија. Нивната реакција доаѓа по соопштението на СДСМ, во кое се вели дека Антонио Милошоски лобира против почеток на преговори со ЕУ.

„Наместо да ја кријат сопствената неспособност, криминал и корупција зад ноторни лаги, во СДСМ треба да им дадат отчет на граѓаните зошто продолжува дебаклот на полето на европските интеграции.

Ако еден човек може да ја блокира европската перспектива со неколку состаноци, сите од најкорумпираната влада во Европа започнувајќи од Зоран Заев, Бујар Османи, Никола Димитров и нивните соработници треба да си заминат дома и засекогаш да се откажат од политиката.

ВМРО-ДПМНЕ, вклучително и особено Антонио Милошоски, силно се залагале и се залагаат за евроатлантските интеграции на Македонија и се борат за европските вредности, а против криминалот, корупцијата и неспособноста.

СДСМ е најголемиот непријател на европските вредности. СДСМ знае само да се кити со европски знаменца, додека истите ги злоупотребува и ја уништува европската перспектива на Македонија.

Европска вредност не е Заев да ја направи Македонија најкорумпираната држава во Европа и хибриден режим. Европски вредности не се ниту крадењето струја од европскиот енергетски систем со Васко Ковачевски, ниту пак криминалот на десната рака на Заев, Драги Рашковски. Европски вредности сосема сигурно не се пасошите кои МВР на Оливер Спасовски ги делело на светските криминални кланови, поткупот на Дончев и Заев, ниту пак лажирањето демократија преку инсталирање на контролирани пиони на претседателски фотелји како што тоа го прави Заев со Димитар Ковачевски.

Европска вредност не е ниту слугувањето на криминалните елементи од ДУИ за заедничко чување на фотелјите поради празнење на џебовите на народот, европска вредност не се ниту криминалните тендери во КОВИД-пандемијата и најголемата смртност во регионот.

Наместо да бараат изговори СДСМ треба да дадат одговори зошто Македонија повторно ќе извиси поради нивната неспособност и криминал. Криењето позади ноторни лаги е доказ дека СДСМ не ја научи лекцијата и не ја прими пораката по катастрофалниот пораз на изборите. Граѓаните знаат дека со СДСМ европската иднина е невозможна мисија“, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нов скандал во Владата – Јанушев поврзан со фирма во Бугарија?

СДСМ: Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии?

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе поголема сиромаштија

Горан Наумовски

Опозицијата тврди: Буџетот е пред колапс, а животниот стандард во пад