ВМРО-ДПМНЕ: Антикорупциска и Обвинителство да отворат случај за аферата „Броило“

Од:

ДКСК и ЈО да се охрабрат и да отворат случај за Димитар Ковачевски и неговиот кум Паунов кои на сомнителен начин заработиле 26 милиони евра. Во рок од една година Ковачевски и Паунов отвораат фабрика за производство на фотоволтаични панели, а преку државна помош земале 2 милиони евра, додека пак во период кога Ковачевски е заменик министер за финансии, фирмата на кумот на Ковачевски прави договор со ЕВН во вредност од над два милиони евра велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Аферата „Броило“покажува сериозна спрега помеѓу криминалот и Димитар Ковачевски. Институциите да не го оправдуваат криминалот на Ковачевски и Паунов и веднаш да отворат случај по допрен глас. Дополнително, истата фирма која е основана од Ковачевски, само 8 месеца по стапување на функциката претседател на Владата влегува во инвестиција во фабрика во ТИРЗ Тетово, заедно со ново формирана бугарска фирма, која пак е во висина од 54 милиони евра, а според учеството во уделите, делот кој Пиксел Груп треба да го инвестира е скоро 22 милиони евра.Токму затоа ДКСК и ЈО веднаш да отворат случај за Ковачевски и Паунов и да не се ставаат во одбрана на криминалот, во спротивно истите се соучесници во соларниот картел тежок 26 милиони евра се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски