ВМРО-ДПМНЕ: Андоновска спречи криминал во ИЈЗ кој се правел 15 години

Од:

Криминалците се криминалци, а ДУИ тоа го покажува секој ден, па и во реакцијата кон директорката на Институтот за јавно здравје Марија Андоновска која отворено се бори против затекнатиот братски криминал на ДУИ и СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Денес тие реагираат против директорката Марија Андоновска која спречи и исправи членови на ДУИ и СДС да седат дома, не одат на работа, а земаат плата. ДУИ реагира затоа што е ставен крај на криминалот кој се правел во оваа институција, со која 15 години раководел кадар на ДУИ.

Денес криминалците од ДУИ реагираат зошто директорката на Институт за јавно здравје Марија Андоновска го зголеми обемот на работа, ги зајакна протоколите и ги затвори одливите на средства наместо членовите на ДУИ и СДС вдомени во таа институција да се однесуваат недомаќински и криминално.

Денес криминалците од ДУИ реагираат не поради тоа што им е грижа за состојбата со Албанците туку затоа што има вонреден инспекциски надзор и затоа што вработената администрација не полагала административен испит, а законски требала.

Секогаш кога ДУИ реагира јавноста треба да знае дека штити криминал. И секогаш кога ДУИ реагира јавноста треба да знае дека оправдувањето со кое го покрива криминалот е нивната наводна загриженост за правата на Албанците. И кога тие зборуваат за дискриминација на Албанците знаете дека тогаш најмногу крадат. Со други зборови, криминалци се криминалци, лопови прва класа.

За потсетување тоа е партијата каде Артан Груби е сè уште член, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Андоновска: Со одобрување на Заев, Филипче и Николовски се празнеле и препродавале стоковите резерви на црните пазари