ВМРО-ДПМНЕ: Ако за модуларната болница во Тетово виновен беше кабелот, дали за скандалот Онкологија ќе биде виновна епруветата

Од:

Владата предводена од СДС и ДУИ очигледно за скандалот Онкологија ни подготвува сценарио по она веќе виденото со модуларната болница во Тетово. За тоа што изгоре модуларната болница во Тетово виновен беше кабелот. Сега за скандалот Онкологија очигледно епруветата ќе биде виновна велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Втора недела откако МВР влезе во Онкологија и започна истрага за нешто за што две години се зборуваше речиси постојано. Власта на СДС и ДУИ не само што ја урниса довербата на граѓаните во здравството, тоа го стори речиси во секоја област. Скандалот Онкологија е само дополнителна потврда дека не може да им се верува ниту на истражните, ниту правосудните органи. На Клиниката за онкологија наместо да се лечат пациенти, се правел бизнис. Наместо лекарствата да се дадат на лицата болни од рак, истите се препродавани на црниот пазар во Македонија и земјите од регионот. Очигледно е дека стотици животи биле загрозени, а веројатно можеле да бидат и излечени. Власта на СДС и ДУИ, надлежните институции наместо да се фатат за работа продолжуваат со своите тендери и скандалозни бизниси. Сето тоа отвора сомнеж за вклученост во скандалот Онкологија на највисоките ешалони од власта. Лицата од власта на СДС и ДУИ се покажаа како махери за криминални зделки, а во случајов Онкологија и очигледно прекривање докази, заташкување на скандалот, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Во 2025 година дијагностицирани 1.000 нови пациенти со рак на дојка

А1он

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Случај „Онкологија“: Одбраната тврди дека медицинските одлуки не биле одговорност на еден човек