ВМРО-ДПМНЕ: Ако СДС пронајде струја која ја произведува Мицкоски тогаш слободно нека ја одземе

Од:

Ако СДС пронајде струја која ја произведува Мицкоски тогаш слободно нека ја одземе, во спротивно што правиме со 26-те милиони евра тешката афера „Броило“. Дезертерот Ковачевски заедно со неговиот кум создал соларен картел преку кој се свртеле над 26 милиони евра, преку тендери од државни институции, како и државна помош велат во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

– Граѓаните за овие пет години откако СДС е на власт чувствуваат единствено кризи. За овие пет години откако СДС е на власт единствено има криминал, корупција и заробено судство. За овие пет години СДС единствено успеа да изгради картели, криминогени мрежи за лично богатење и за осиромашување на народот. Во овие пет години по нарко-марихуанскиот картел, сега владее соларен картел којшто ја осиромашува Македонија. Граѓаните со СДС на власт немаат ниту парно, ниту гас. Со СДС на власт единствено се затвораат фабрики се вели во соопштението од опозициската партија.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е со убедливо водство пред останатите политички партии

А1он

Мицкоски очекува новиот јавен обвинител да истражи како Катица Јанева ги предаде случаите од затвор

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Никој нема против албанскиот јазик, но треба да се знае дека официјалниот јазик во оваа држава е македонскиот

ВИДЕО: За реконструкција на Владата ќе разговара во периодот мај/јуни

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат