ВМРО-ДПМНЕ: Арогантноста, мангуплакот и ПР на Филипче не ја решаваат епидемијата

Од:

„Македонија со Филипче и Заев бележи црни рекорди. Последните биланси се 913 новозаразени и 24 мртви. Дури Филипче смислува хумористични видеа за социјални мрежи, 24 семејства изгубија свои блиски.

Ако ова не е причина Филипче да поднесе оставка, тогаш значи човекот е опериран од одговорност“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Македонија има најголема смртност во регионот и пошироко. Веројатно сме единствена земја во светот во која донирани тестови министерството за здравство им ги продава на граѓаните. Во Македонија здравството Филипче го колабираше до степен граѓаните со денови да чекаат за КОВИД тестирање, а хронично болните и оние со тешки болести не можат да добијат елементарна здравствена заштита затоа што здравствените власти не знаат да менаџираат со кризата.

Арогантноста, мангуплакот и ПР на Филипче не ја решаваат епидемијата. Народот нема никаква корист. Филипче и Заев ја водат Македонија кон пропаст, кон ломбардиско сценарио, а народот тоа го плаќа со своето здравје и своите животи“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски