ВМРО-ДПМНЕ: Акиов е човек од доверба на Заев и соучесник во сценариото кое го подготвил со Филипче за дестабилизација во Кочани

Од:

Поминаа веќе неколку дена од насилниот инцидент во Општина Кочани, каде што советник од советничката група на СДС со стаклено шише повреди вработена.

Жената со повреди на главата заврши во Клиничката болница во Штип.

Но, ова за Венко Филипче не беше доволно за тој да се огради и од неговиот советник, Аки Акиов да побара оставка.

Ова само ги потврдува нашите сознанија кои ги соопштуваме во јавноста, дека тепачката со Советот е дел од едно поголемо сценарио кое има за цел дестабилизација во Кочани.

Како што веќе кажавме, ваквото матно сценарио за предизвикување хаос го скроиле Венко Филипче и Зоран Заев пред месец дена во Дубаи, за каде што, впрочем, имаат златни визи, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Насилството и тепањето во Кочани е дел и почеток на спроведувањето на овој план, чиј соучесник е и Акиов како човек од најблиска доверба на Заев.

Советникот тепач на Филипче имаше една единствена цел, да посее чувство на страв и паника и да ја разгори омразата во Кочани, која со секојдневни прес-конференции СДС ја поттикнува.

Со ова, СДС прави класична злоупотреба на трагедијата во Кочани и ја користи болката на граѓаните за ситни политички поени, за колку толку да ја спаси политичката кариера на Филипче.

Заев и Филипче мислат дека со нивната, и до сега испробана, тактика на заплашување и злоупотреба на трагедии, ќе добијат некој глас повеќе.

Реализацијата на сценариото за создавање хаос и чувство на страв, не завршува само со тепачката во Советот, планот на СДС е да продолжи тензијата и насилството во Кочани.

Но, залудни им се сите обиди за дестабилизација за спас на политичката кариера на Филипче и намалувањето на неизбежниот пораз на СДС на претстојните избори.

Народот ги прочита и виде дека за спас на нивната кожа се спремни да ја злоупотребат болката на граѓани и да го фрлат во оган цел еден град.

Затоа, и празот којшто ќе го доживеат на претстојните избори, ќе биде историски најголемиот во историјата на плурална Македонија, по што Венко Филипче ќе замине во политичка пензија, а на СДС ќе му претстои борба за опстанок, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Никола Гревски, будимпештански пишувач на бајки

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

Стојаноски: Ние практично сме први кои што сакаат да се расчистат немилите случаи и трагедии

А1он

Спасовски: Без трошка емпатија, ВМРО-ДПМНЕ гласаше против Анкетна комисија за Кочани

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Посебна Анкетна комисија за трагедијата во Кочани, тоа е барање на родителите

(ВИДЕО) Манасиевски: Дали Заев и Филипче потпишале отпис на 2000 тони жито, затоа што Љупчо Николовски имал грант во фиока за Мамас?