ВМРО-ДПМНЕ: Ахмети и Груевски разговараа за актуелната политичка состојба

Од:

ВМРО-ДПМНЕ потврди дека имало средба на лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, Никола Груевски и Али Ахмети. Во соопштение до медиумите наведуваат:

-Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ , Никола Груевски и Али Ахмети денеска остварија средба на која што акцентот во разговорите беше ставен на две точки и тоа анализа на резултатите од изборите одржани на 11 декември, кои беа оценети како слободни, фер и демократски, како и анализа на актуелната политичка состојба.

Двајцата лидери разменија мислења за актуелната политичка ситуација по изборите и за престојните предизвици на тој план“.

Од ВМРО-ДПМНЕ претходно најавија дека оваа недела ќе почнат средбите и преговорите за составување влада во услови кога партијата има сосема спротивни ставови од клучните барања на ДУИ-продолжување на мандатот на СЈО и двојазичност на целата територија на Македонија. Од ДУИ порачаа дека за овие две прашања немаат намера да преговараат, туку да се прифатат.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Скандалите и лицемерието на Шасивари немаат крај, Законот и Уставот не се прашање на компромис

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Брвеница покажа дека гласот на албанските граѓани не може да се игнорира

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата