ВМРО-ДПМНЕ: Аферата Броило наликува на злосторничко здружување, Јавното обвинителство да го испита соларниот картел околу Ковачевски

Од:

Јавното обвинителство треба да отвори случај и да го испита целиот соларен картел на Ковачевски, тежок 26 милиони евра повторно побараа од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ковачевски и неговиот кум Горан Паунов заедно ја основаат фирмата Пиксел груп која е во центарот на соларниот картел и аферата Броило. Оваа компанија е основана само 5 месеци откако СДС доаѓа на власт во 2017 година. Од 2019 до 2021 година оваа компанија добива над половина милион евра државна помош, при што половина од времето Ковачевски е на функција. Најголемата сума на државна помош, од над 200 илјади евра фирмата добива ден откако Ковачевски е избран за мандатар. Дополнително, КМГ ЕОЛ Квазар, фирма основана од ортакот и кумот на Ковачевски зема скоро 2 милиони евра државни тендери. Тендерите се за поставување на фотоволтаични панели кои ги произведува Пиксел груп, основана од Ковачевски. Додека Ковачевски е заменик министер за финансии, фирмата на кумот склучува договор за испорака и монтирање на фотоволтаични панели во вредност од над 2 милиони евра. И на крајот, 4 месеци откако Ковачевски станува премиер, фирмата која тој ја основал се заортачува со бугарска компанија и заедно градат фабрика во ТИРЗ Тетово во вредност од 54 милиони евра. Патем во овие зони важат повластици,а според информациите во јавноста и ќе конкурираат за државна помош. Ова наликува на злосторничко здружување по сите нишани. Износите се милионски, лице основач и близок до фирмата е на високи државни позиции, има можност да тргува со влијание, кумот ги води бизнисите, а броилото врти ли врти во време на криза кога останатите едвај врзуваат крај со крај се вели во соопштението од опозициската партија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина