ВМРО-ДПМНЕ: 1718 лица починаа додека ја чекаа вакцината која Филипче никако да ја набави

Од:

„Филипче, не фали се со донации, до каде се вакцините кои требаше да стигнат? Додека ти глумиш портпарол народ умира.

1718 лица починаа од први јануари до денеска. 1718 лица починаа додека ја чекаат вакцината, која Филипче никако да ја набави.

Благодарност до Србија, а сега и до ОАЕ, но до каде се вакцините кои Владата требаше да ги купи“, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

„Македонија со Филипче и Заев на чело е единствена држава која има вакцинирано повеќе народ со вакцини од донации отколку со купени вакцини.

Полека се ситнат деновите и од април, а вакцини нема.

Единствен начин да излеземе од пандемијата е вакцинацијата. Со секое одлагање на овој процес народот губи“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, на изјавата на министерот Венко Филипче.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски