ВМРО-ДПМНЕ: 15 делегати се исклучени од конгресот затоа што се функционери

Од:

ВМРО-ДПМНЕ потврди дека 16 делегати биле исклучени од конгресот и дека за оваа одлука тие претходно биле консултирани и од нив била добиена согласност.

„Во врска со шпекулациите дека неправедно се исклучени 16 делегати од конгресот, ВМРО-ДПМНЕ ја информира јавноста: Едно лице е исклучено заради тоа што е починато. Останатите заради тоа што се вработени или функционери во МНР, МВР или регулаторни тела каде со закон е забрането да членуваат во партиски тела.

Конгресот заедно со делегатите е највисокото партиско тело на партијата.

За сите овие разрешувања е разговарано со секој поединечно и е добиена согласност од него, за најголем дел и писмена оставка.

Доколку ова не се преземеше дел од овие лица ќе останеа без работа или ќе беа разрешени од функциите“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус