СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ 11 години ја држеше државата заробена и го урниса правниот систем, режим – никогаш повеќе!

Од:

„11 години деструктивните и расипнички политики на ВМРО-ДПМНЕ ја изолираа и ја заробија државата преку урнисување на правниот систем и понижување на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ цели 11 години системски ги погазуваше човековите права и слободи, вршеше притисоци врз медиумите и новинарите, а инстутуциите ги претвори во партиски подружници.

Остатоците од заробената држава се уште се присутни во правосудниот систем.

Тоа мора да престане веднаш!“, се вели во соопштението на СДСМ.

„СДСМ како одговорна партија ја повикува Државната комисија за спречување на корупцијата да започне постапка за проверка на имотот на судиите и обвинителите, веднаш, а Судскиот совет мора да ја оцени одговорноста на судиите за застарување на предметите.

Граѓаните мора да дознаат кој тоа влијае врз судиите и зошто неколку десетици предмети се чувале завршени и останале во фиоките на бившиот претседател на Врховниот суд?

На државата и на граѓаните им е потребно судство кое ќе носи а нема да попречува правда.

Затоа граѓаните јасно ја знаат разликата меѓу концептите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и ќе гласаат за правда наместо за неправда.

Граѓаните ќе гласаат за напредок, развој и интеграција во правна држава.

На прав пат сме. На тој пат треба да ја завршиме борбата за правда.

Тоа го очекуваат сите, тоа и го должиме на јавноста и тоа заедно со граѓаните ќе го обезбедиме.

На 12 април граѓаните масовно ќе потврдат дека сме на прав пат и силно ќе порачаат режим – никогаш повеќе“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела