Влен: Здравјето ќе се излечи, но не и менталитетот на ДУИ

Од:

Изгледа дека ДУИ не избира средства за да оствари политички поени, туку ги злоупотребува и најболните случаи само за да си го залечи егото со цел враќање на власт. Последен пример е злоупотребата на трагичните случаи на смрт на децата, која иако е во опаѓање, за ДУИ служи како алатка за валкана пропаганда. Ова е огледало каде што може да се види колективниот портрет на ДУИ како партија која 20 години уништуваше сѐ, вклучително и здравството, велат од Влен

„ДУИ обидувајќи се да покажат добар лик пред граѓаните, тие всушност се демаскираат, затоа што можат да ги злоупотребат и болните случаи на граѓаните, за ниски политички поени. Решавањето на проблемите во здравствениот систем во Северна Македонија, која со години назадува, нема да биде лесно, ниту евтино, да се санира.

Здравството кај нас откако ВЛЕН е дел од владата и го води секторот за здравство се разбуди од „клиничка смрт“. Но, сепак мора да помине тежок третман за целосно да се регулира овој систем. Не е лесна задача, но со полна надеж дека ќе се подобри благодарение на упорноста на министерот за здравство Арбен Таравари.

Почетокот на спроведувањето на долгоочекуваните реформи донесе надеж. Напорите за подобрување ги осетуваат пациентите, лекарите и целиот медицински персонал, како и администраторите. Здравството во изминатите години го загуби не само угледот и довербата, туку и квалитетот на најчувствителните услуги на пациентите. Во меѓувреме, посетата на министерот Таравари на Обединетите Арапски Емирати беше во пресрет на напорите за пренесување на најсовремената работа и практики на медицинска интервенција во Северна Македонија, која и служи на иднината на здравството во нашата земја.

Но, тоа не е се. Потсетуваме дека по долги години позитивната листа на лекови е проширена со 9 нови лекови. И за првпат во историјата на Северна Македонија ќе бидат вработени 600 нови специјалисти со решенија кои ќе го надополнат медицинскиот персонал за граѓаните да добијат најквалитетни здравствени услуги.За ВЛЕН приоритет е здравјето на граѓаните“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Влен: „Српскиот свет” го носи печатот на ДУИ

Мицкоски ја враќа земјата 30 години нaзад со дискриминација и мајоризација, реагира ДУИ

Меџити: Доктор Мухамед Муртези ќе биде носител на советничката листа на ВРЕДИ за Општина Чаир

ДУИ: Македонија ја пречека светската дипломатија и реализираше настан кој ќе остане запаметен како дипломатски и организациски триумф

Влен: Бујар Османи и во Министерство за надворешни спроведувал сомнителни и криминални тендери!?

ДУИ бара оставки од Исен и Садики-Шаини после скандалот во Куманово

Горан Наумовски