ВЛЕН: Тури пепел на партијата чија иднина ја крои “вечниот” Бујар Османи

Од:

Човекот кој со години го мерка тронот на Али Ахмети се однесува како да е паднат од Марс, а не како да бил дел од сите Влади и прошетал еден куп ресори и секаде оставил скандали зад себе. Бујар Османи и ДУИ, и по 20 години апсолутна власт, сè уште не го научија ниту занаетот на достоинствено владеење, ниту културата на политичко однесување во опозиција. Денес ги гледаме заробени во патетична паника, молејќи за власт како да е нивниот последен политички здив.

Во отсуство на каква било идеја или визија, продолжуваат да ги лажат своите гласачи со празни ветувања и бедни повици за предвремени избори – сето тоа само со една цел: да се спасат себеси, своето богатство и досиејата што секој ден излегуваат на виделина.
Граѓаните многу добро знаат со кого имаат работа:

Со Бујар Османи – кој делеше тендери за рента-кар како бакшиш за своите пријатели и политички кругови.

Со Блерим Беџети – мајсторот на башибозук-политиката, кој заедно со Данела Арсовска го претвори Скопје во џунгла.

Со бегалецот Артан Груби – кој заврши на црната листа откако го спаси Сашо Мијалков од затвор, оставајќи уште едно црно петно врз образот на Албанците.

И сега мислат дека Албанците повторно ќе им веруваат? Каде ви се ISO-стандардите? Дали ги завршивте? Дали добивте одговор од европските институции за вашите писма без одговор? Народот знае многу добро – вие само лажете и крадете!

Сите знаат дека во собраниската Соба 16, таканаречениот „Европски фронт“ – ДУИ се понижи до крај: понуди четири министерства и претседател на Собранието само за да влезе во Влада со ВМРО-ДПМНЕ наместо Коалицијата ВРЕДИ.

Не е чудо што денес, кога ДУИ повеќе нема ниту реална власт, ниту влијание, се служат со потпалувачка реторика за наводно лажно понижување на Албанците, само затоа што тие се во опозиција. За нив, власта е извор на моќ и богатство, а не одговорност за обезбедување сегашност и иднина за својот народ.

Денес, кога досиејата за корупција им експлодираат едно по едно, ДУИ бара „пократок излез“ преку вештачки кризи и закани за бојкот на изборите. Не за Албанците. Не за иднината. Туку за да го покријат своето криминално минато. Не разбираат дека без програмска и кадровска реформа нема да помирисаат власт многу долг период!

Би можело да ве интересира

ЗНАМ: Филипче ти и твојот ментор Заев сте срам за сите чесни членови на СДСМ

Филипче: Парите на граѓаните мора да служат за јавниот интерес, а не за привилегии и лични уживања на власта

Родители на деца со симптоми на труење велат јаделе пилешки стек, АХВ времено затвори седнвичара во Штип

Андоновска: Луѓето на СДС и ДУИ во судството го спасија Филипче од одговорност за пожарот во модуларната болница, со тие кадри нема независно судство

Лабудовиќ на осветувањето на „Свети Константин и Елена“: Центар ќе го почитува своето наследство и верските чувства на граѓаните

Манасиевски: СДС во Струмица губи, силеџии на листи кои тепаат луѓе по улица стана брендингот на СДС за овие избори