ВЛЕН: На ДУИ нон грата им излегувaат на површина валканите работи против Албанците

Од:

Деновите минуваат, а на ДУИ нон грата им излегуваaт на површина валканите работи против Албанците. Денеска пред вас го креваме гласот за еден од следните скандали кои ја погодија правдата и интегритетот на институциите во нашата земја, велат од ВЛЕН.

Случајот со предвременото ослободување на поранешниот директор на ДСК Сашо Мијалков, личност позната по злоупотребите и оштетувањата на Албанците, е најјасен доказ за заробувањето на правосудниот систем од политиката, во овој случај од ДУИ нон грата.

Директорот на струшкиот затвор, кадар на ДУИ, Ваљон Ќура, направи скандалозен извештај, каде со суперлативи зборува за однесувањето на Мијалков, цитирам: “Истиот се појавувал како внимателна и одговорна личност, со прифатени норми на морално однесување и целосно се придржувал кон пропишаните законски одредби. Во средината за престој манифестираше примерно однесување, приспособливост, умерени релации со другите осудени лица, коректен однос со службените лица вклучени во процесот на ресоцијализација“.

Кадарот на ДУИ, Ваљон Ќура со овој извештај практично ја создаде основата на одлуката на Апелациониот суд. Апелациониот суд, врз основа на извештајот на директорот на затворот, одлучи Мијалков да го ослободи седум месеци пред истекот на казната, а тоа е причината поради која тој денеска е во Монако со Ферари.

Оваа одлука е чист пример за злоупотреба на правосудниот систем и институциите за политички интереси, но во исто време уште повеќе ја докажува коалицијата Али Ахмети-Артан Груби-Енвер Беџети и Сашо Мијалков.

Сомнежите дека ДУИ вршела притисок врз судството и институциите да го фаворизираат ослободувањето на Мијалков се потврдија и од американскиот Стејт департмент. Ова покажува повторен модел на заробување институции, каде моќните луѓе се заштитени, додека обичните граѓани се соочуваат со неправда, особено Албанците.

Како е можно човек како Сашо Мијалков, познат по штетите што им ги нанесе на Албанците и граѓаните, да биде ослободен со ваков сомнителен извештај?!

ВЛЕН бара целосна и независна истрага за улогата на директорот на струшкиот затвор Валон Ќура, судиите и сите служвени лица вклучени во овој случај. Ги повикуваме граѓаните, граѓанскиот сектор и медиумите да останат будни и да не дозволат овој случај да помине неказнето.

Доказите зборуваат. Слободата на Сашо Мијалков ја донесе Артан Груби, со дозвола на Али Ахмети. Значи, Али Ахмети со својата маша, нон грата Груби, направија се Мијалков да ужива во слободата.

Коалицијата ВЛЕН уверува дека нема да запре додека не се погрижи оние кои ја злоупотребиле својата моќ да одговараат. ВЛЕН како оперативен алат ја има соработката и поддршката, затоа ќе се бори со злобните алатки што ги инсталираше ДУИ. ВЛЕН работи, ВЛЕН демаскира, ВЛЕН е надеж за светла иднина, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Меџити: Доктор Мухамед Муртези ќе биде носител на советничката листа на ВРЕДИ за Општина Чаир

ДУИ: Македонија ја пречека светската дипломатија и реализираше настан кој ќе остане запаметен како дипломатски и организациски триумф

Влен: Бујар Османи и во Министерство за надворешни спроведувал сомнителни и криминални тендери!?

ДУИ бара оставки од Исен и Садики-Шаини после скандалот во Куманово

Горан Наумовски

Изет Меџити е кандидат на Влен за Чаир, за Скопје е предложен Башким Бакиу, а Билан Касами ќе се бори за нов мандат во Тетово

Горан Наумовски

Не може да има функционална држава и праведно општество без сеопфатен процес на ветинг со меѓународен надзор, велат од ДУИ