Влен: ДУИ нема свои кандидати на изборите, се надева на милоста на Села и Таравари

Од:

ДУИ е свесна дека поразот ѝ чука на врата. Знае дека народот не простува, дека времето на манипулации и лажни симболи завршува. Затоа овие денови сведочиме на крајно понижувачко и очајничко однесување, раздавање функции, позиции и поддршки на вчерашните политички противници, само за да се создаде привид на некаква сила и да се оправда поразот што се приближува, велат од Влен.

„Албанците ја гледаат немоќта на ДУИ. Таа партија веќе нема свој идентитет. ДУИ скоро и да нема свои кандидати. Освен двајца или тројца, се останато се туѓи имиња, туѓи ликови, туѓи проекти, туѓи партии. До каде дојде ДУИ да оди на избори без свои луѓе! Да беше силна, ќе се соочеше со изборите со свој печат и со своја понуда. Да имаше добри луѓе, ќе ги кандидираше.

Но ДУИ ги нема ни едното, ни другото. Затоа секој ден гледаме незадоволства, оставки и отпори во нивните општински ограноци. Членството е изневерено. Наместо да бидат дел од решенијата, оставени се да се надеваат на милоста на Села и Таравари, истите тие што до вчера беа најостри критичари на ДУИ, а денес се нивни спасувачи. Ова не е изборна стратегија, туку капитулација. Жално е до кое ниво дојде ДУИ“, нагласуваат од Влен.

Би можело да ве интересира

Вреди: Кој од ДУИ му се заканува на Артан Груби?

Вреди: Додека Артан Груби гледа телевизија дома, во ДУИ преовладува паничен напад

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

Вреди: Груби брза кон целосно соборување на Али Ахмети

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата