ВЛЕН: Бујар Османи, 20 години лична кариера, 0 проекти за Чаир

Од:

Дваесет години Бујар Османи гради политичка кариера, а не изгради ниту еден проект за Чаир. Денес глуми дека го интересира Чаир.
Дваесет години Бујар Османи е во највисоките државни функции, а ниту еден човек од Чаир не почувствува поддршка или помош од него.

Денес гледаме глума и празни зборови. Програми и планови најавува човек кој за две децении не остави никаква трага во Чаир. Празна книга.
Бујар Османи не е кандидат на Чаир, тој е кандидат за својата кариера. Бара поддршка од Чаир, не за Чаир, туку за тој да се врати на власт. Ако сака да научи што е Чаир, нека прошета низ неговите улици и нека ја види вистинската состојба. Граѓаните на Чаир не сакаат повеќе празни политичари, кариеристи, туку сакаат посветеност, вистинска работа и конкретни резултати.

Не само што не донесе никакви проекти за Чаир, туку Османи не можеше ниту да го потисне своето лично его. Тој ги исклучува и малкуте млади луѓе што останаа во ДУИ, користејќи ги како јарбол на партиските знамиња, а не како потенцијал за промени. Денес, таа младина се оддалечи од него и силно се придружат со Изет Меџити и ВЛЕН, бидејќи таму наоѓаат визија, перспектива и почит.

На Чаир му треба работа и развој, а не политичар кој 20 години ја гледал оваа општина само како отскочна штица за својата лична кариера, наведуваат од ВЛЕН.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода седум лица, сузбиена организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија со дрога

ВРЕДИ: Ахмети си напиша писмо сам на себе

Намалена видливост поради магла на патниот правец Лисец – Попова Шапка, во Крушево и на планинскиот превој Плетвар

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

МВР го расчисти денешното убиство во Охрид, уапсен 53 годишен жител на Брвеница

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари