ВЛЕН: Албанците не треба да бидат уценувани и заложници за гласови

Од:

На нечесните практики на ДУИ во текот на 20-те години на власт, каде Албанците беа заложници со договори, експлоатирани и манипулирани за гласови, сега се при крај. Ова е јасен пример за злоупотреба на Албанците и туркање да се поддржат интересите на оваа партија додека таа беше на власт, создавајќи систем на зависност што го наруши нивниот развој и благосостојба. Ние од коалицијата ВЛЕН сметаме дека Албанците не треба да бидат уценувани и заложници за гласови. Овие практики кои ДУИ ги инсталираше овие години се сериозна рана која остави длабока последица во албанското општество, велат од ВЛЕН.

– Тие го злоупотребија правото на работа за да манипулираат со сиромашните и чесни работници создавајќи клиентелистички систем кој обезбеди политичка долговечност, но зад себе го остави развојот на државата и благосостојбата на граѓаните. Коалицијата ВЛЕН е посветена на промена на оваа ситуација и давање нова можност на оние кои биле држени несигурни и експлоатирани. Ќе им обезбедиме работа и можности за развој, внимавајќи секој поединец да има загарантирани права со законот за работни односи. Никој повеќе нема да биде алатка за манипулација за политички цели. Секој човек ќе биде третиран согласно законот и ќе има можност за достоинствен и безбеден живот. Исто така, би сакале да нагласиме дека ВЛЕН исто така се залага за унапредување на законот за правична и соодветна застапеност. Овој закон е во завршна фаза на изработка и ќе донесе поправеден и подеднаков систем за сите граѓани без разлика, обезбедувајќи секој поединец да има можност да придонесе за општеството и да има можност да се развива професионално без страв дека ќе биде манипулиран или уценет. Јасно ни е дека албанските граѓани заслужуваат повеќе и ќе работиме напорно за да им обезбедиме можност да живеат во фер и развиена држава. ДУИ потфрли, но ВЛЕН е гаранција за подобра иднина и поинаков живот на Албанците – тврдат од ВЛЕН.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Најостро го осудуваме нападот врз градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска

ДУИ: Правичната застапеност е уставно загарантирано право

ДУИ: ЕУ тврди дека Македонија станала отворен терен за руската пропаганда

Влен: Вистината што ДУИ сака да ја скрие со лаги: 20 години на власт, нула Албанци во одредени институции

ДУИ: Има организирана политика за исклучување на Албанците од институционалниот живот во Македонија

Вреди: Функционери на ДУИ се обидоа по секоја цена да го вратат Никола Груевски на власт и да го ослободат Сашо Мијалков