ВЛЕН: Албанците бараа правда, вработување и достоинствено претставување, но ДУИ не слушаше

Од:

Вечерните соништа не можат да се рефлектираат како утринска реалност. ДУИ сега како нај антиевропска и нај антиамериканска партија, партнер на Левица во опозиција, Собранието, општините и секаде на друго место не може да ни ја продаде оваа магла. ДУИ е прогласена за партија нон-грата со американски печат. Сега сите информации кои се испраќаат до амбасадите се прават само поради дигитална комуникација бидејќи во спротивно оваа несакана партија не може да се доближи до оградите на странските амбасади во земјава, кои потекнуваат од пријателските сојузнички држави на нашата земја, велат од ВЛЕН.

„ДУИ, со Артан Груби, Рамиз Мерко и низа дискредитирани личности, нема кредибилитет да зборува за националните интереси. Партијата потопена во коруптивни афери и со претставници вклучени во американските црни листи не може да тврди дека го информира меѓународниот фактор. Тие може да поднесуваат извештај до Москва, но не и до САД и нашите стратешки партнери, кои се свесни за злоупотребите и лошото управување на ДУИ.

Тотално неуспешен пристап од самиот почеток. Не можат да бидат амнестирани за нивните дела додека се жалат за партиите на власт. На крајот, улогата на опозицијата во демократските држави е оваа, тие ја критикуваат власта да ја исправи. Но, ова правило важи кога зборуваме за политички партии во целосна смисла на зборот, а не за ДУИ, која е застарен клуб кој служел во интерес на збогатување на нивните семејства, им обезбедувал луксузен живот на нивните внуци додека народот се соочувал со неправда и екстремна сиромаштија.

ДУИ заврши во контаминирана каста со одговорните кои ја узурпираа секоја функција и секоја институција. Најголемата трагедија денес е што ДУИ до вчера беше со врзани очи и неми кога Албанците бараа правда за монтирани случаи, Албанците бараа вработување, Албанците бараа достоинствено претставување. ДУИ не го направи ова, затоа и денеска е во опозиција. Ние сме на власт да не ги правиме истите грешки, и да направиме најдобро за Албанците. Бидејќи овој народ заслужува повеќе и подобро, ова може да го понуди само најголемата албанска коалиција, тврдат од ВЛЕН.

Би можело да ве интересира

Меџити: Доктор Мухамед Муртези ќе биде носител на советничката листа на ВРЕДИ за Општина Чаир

ДУИ: Македонија ја пречека светската дипломатија и реализираше настан кој ќе остане запаметен како дипломатски и организациски триумф

Влен: Бујар Османи и во Министерство за надворешни спроведувал сомнителни и криминални тендери!?

ДУИ бара оставки од Исен и Садики-Шаини после скандалот во Куманово

Горан Наумовски

Изет Меџити е кандидат на Влен за Чаир, за Скопје е предложен Башким Бакиу, а Билан Касами ќе се бори за нов мандат во Тетово

Горан Наумовски

Не може да има функционална држава и праведно општество без сеопфатен процес на ветинг со меѓународен надзор, велат од ДУИ