Власта со специјалци ќе ги растерува студентите од пред СПУКМ

Од:

Голем број припадници на единицата за брзо распоредување пристигнаа пред седиштето на СПУКМ каде заедно со однесените гласачки кутии се членовите на парлементот со истечен мандат како и членови на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Тие се кријат внатре од попладнето откако на сила со помош на партиски активисти на ВМРО-ДПМНЕ ги одзедоа гласачките кутии, а стотина членови на Студентскиот пленум чекаат надвор.

-Сега ги чуваат и припадници на МВР, иако ги одзедоа гласачките кутии, иако никого не претставуваат и не се легитимни со оглед дека имаат истечен мандат, како и тоа дека тие не можат да организираат избори.

Најмалку ги претставуваат студентите, кои денеска не се ни појавија да гласаат, по што да не се открие дека во кутиите има само по 10 до 20 гласачки ливчиња, односно никаква поддршка, кутиите беа однесени со сила, посочуваат од Студентскиот пленум.

Би можело да ве интересира

СПУКМ: Предложениот закон ја урива студентската автономија

Ана Ололовска

Студентски Пленум: УКИМ се обидува да ни протне нашминкана варијанта на криминалниот СПУКМ

Ана Ололовска

Студентски пленум се огради од Туфегџиќ, таа вели дека е на листа како граѓански активист

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Референдум: Над 2.000 студенти побараа контрола на парите на Студентскиот парламент

А1он

ВИДЕО: Денеска студентите решаваат за судбината на СПУКМ

Ана Ололовска

ВИДЕО: Со референдум студентите ќе се обидат да воспостават контрола врз Студентскиот парламент

А1он