Власта и опозицијата без договор за лидерска средба

Од:

Власта и опозицијата се без договор за Законот за јавното обвинителство, за пописот и за Изборниот законик. Додека премиерот Зоран Заев изрази очекување дека во скоро време ќе биде договорена средба, лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со став дека нема амбиент во државата за да функционира политичкиот дијалог меѓу позицијата и опозицијата.

Засега нема договор за лидерска средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за трите теми – Специјалното јавно обвинителство, пописот и Изборниот законик, изјави во петокот премиерот Зоран Заев, посочувајќи дека нивните кабинети се во контакт и очекува дека во скоро време ќе биде договорена средба.

– Опозицијата или другите партиципиенти ако имаат и други теми јас сум на располагање да разговарам, но ова се пресериозни теми на кои час поскоро треба да седнеме и да разговараме, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање по посетата на археолошкиот локалитет Стоби.

Во однос на Изборниот законик премиерот Заев, рече дека ставот на СДСМ е дека за нив како партија е прифатлива една изборна единица, отворените листи, се што ќе значи демократизација, се што ќе значи стручна експертиза за возможност во државата.

– Подготвени сме да го направиме чекорот. Верувам дека и другите политички партии ќе бидат подготвени да направиме еден исчекор кон демократизацијата во изборните процеси во Република Северна Македонија, рече Заев.

Од друга страна, лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ кажа дека ова што се случува во државата мора да заврши со предвремени парламентарни избори.

Прашан дали се можни протести и порадикални мерки, Мицкоски, рече дека секогаш организирање на мирни протести се опција за било која опозиција, без разлика дали во таа опозиција ќе биде само ВМРО-ДПМНЕ или и останатите опозициони партии.

За тоа дали е можен договор за Законот за јавно обвинителство, Мицкоски, рече дека нема амбиент во државата за да функционира политичкиот дијалог меѓу позицијата и опозицијата.

Би можело да ве интересира

Филипче: Парите на граѓаните мора да служат за јавниот интерес, а не за привилегии и лични уживања на власта

СДСМ: Владата на ВМРО-ДПМНЕ свесно лажеше и остави луѓе да се трујат

Андоновска: Судијката Алексовска Стојановска, која го пушти Васил Јованов убиецот на Фросина во Поправен дом наместо во затвор, во својот дом имаше партиски штаб на СДС

СДСМ: Три месеци по ред се намалува просечната плата – стандардот на граѓаните опаѓа

СДСМ: Кандидатот за градоначалник на Виница од ДПМНЕ дел од шумската мафија

Предраг Петровиќ

Филипче: Имаме одличен кандидат во Струмица, Марјан Даскаловски е со визија