Власта ги одби сите амандмани за државјанствата, законот оди на пленарна седница во Собранието

Од:

Членовите на собраниската Комисијата за европски прашања денеска, на вториот ден, го разгледаа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за државјанството на Република Македонија, по скратена постапка, во второ читање.

Претседателот на Комисијата Арбер Адеми изјави дека амандманите биле разгледани и ниту еден не бил прифатен и усвоен од страна на членовите на комисијата.

-Заврши и вториот ден со разгледување на сите амандмани. Иако на почеток, и на првиот ден и денеска, на вториот ден на диксусијата за Предлог-законот имаше доста процедурални интервенции од страна на пратениците од опозицијата. На крај, со мнозинство гласови се донесени одлуките од страна на комисијата, потенцира Адеми.

Овој предлог-закон сега оди на пленарна седница на Собрание, поточно на 47-та седница.

За овој Предлог-закон имаше поднесено повеќе амандмани. Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ имаше само шест амандамни кои, како што рече Адеми, биле неуредни и воопшто не биле разгледани. Тој информира дека добиле известување од претседателот на Собранието Талат Џафери дека тие амандмани нема да бидат доставени бидејќи се неуредни. Комисијата денеска ги разгледала само амандманите од пратеникот на Левица, Борислав Крмов.

Со Предлог-измените на законот, според власта, треба да се реши статусот на луѓето од поранешните југословенски републики кои до денот на прогласување на независноста живееле во земјава. Тие ќе треба да добијат државјанство во рок од три години по стапувањето во сила на законот, кој предизвика многу реакции во јавноста.

Новиот закон ќе дозволува 16 начини барателот да се стекне со државјанство на земјава, а како доказ за тоа доволен ќе биде документ дека тој завршил школо тука, дека бил на лекар, дека има имот или штедна книшка, како и сметки за струја и вода. Познавањето на македонскиот јазик нема да биде услов за добивање македонско државјанство.

Би можело да ве интересира

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски