Власта дава сигнали дека уставните измени ќе поминат до ноември, Мицкоски засега отпорен на „тортурата“ од странците

Од:

Во собранието се уште не е обезбедено двотретинско мнозинство за гласање на потребата за отворање на Уставот со што би продолжила процедурата за вметнување на Бугарите во Уставот што е клучен услов да почне втората фаза од почетокот на преговорите со Европската унија.

Десетте дена за собраниска дебата за уставни измени истекоа денеска. Дебата немаше затоа што расправата заврши уште на седницата на 18 август, но пратениците, посебно оние од опозициската ВМРО-ДПМНЕ очекуваа собранискиот спикер Талат Џафери да закаже продолжување на седницата и да се оди на гласање со цел да се види дали има или нема двотретинско мнозинство.

Џафери нема законска обврска да ги стави амандманите на гласање само поради тоа што истекле десетте дена предвидени за собраниска дебата, а неофицијално, тој ќе ја продолжи седницата тогаш кога коридинаторите на пратеничките групи ќе го известат дека е обезбедено потребното двотретинско мнозинство.

– Според член 81 став 1 „Претседателот може да ја прекине седницата кога ќе нема потребно мнозинство за одлучување и во други случаи кога ќе оцени дека тоа е неопходно – рече Џафери на брифингот со новинарите правдајќи ја одлуката да не го стави предлогот на гласање на седницата која се одржа на 18 август.

На координацијата со пратеничките групи било договорено активностите и одржувањето на седниците на комисиите и работните тела да продолжат во последната недела од август. А првата наредна седница, според информациите од Џафери, ќе биде закажана за 5 септември.

„А1он“ претходно објави дека Собранието дека Џафери нема да закаже продолжување на седницата се додека владејачкото мнозинство не биде сигурно дека има 80 пратеници потребни за гласање за отворање на Уставот. Според опозицијата, Џафери тоа го прави толкувајќи ги општите членови на Деловникот, а не посебното поглавје од Деловникот за работа кое се однесува само работа поврзана со Уставот.

На тој начин процедурата може да трае со месеци, теоретски дури и до крајот на мандатот на овие пратеници, но со огромен ризик ако не се донесат дотогаш измените, целата процедура за менување на Уставот да се поништи со самото распуштање на Собранието.

Во меѓувреме, почнаа да доаѓаат високи дипломатски претставници на ЕУ и на САД за да дадат поддршка за уставните измени, односно да направат притисок врз опозицијата или тортура како што обвини лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Ставовите на двете најголеми партии останаа непроменети и по посетата на заменик-помошникот државен секретар на САД, Габриел Ескобар.

Уставните измени со вметнување на Бугарите во Преамбулата се услов да ја почнеме втората фаза од преговорите со Европската унија, а произлегоа од францускиот предлог за кревање на бугарското вето во кој билатерниот протокол со Бугарија беше вметнат во преговарачката рамка.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Кога ќе имаме потреба од 80 гласа во Парламентот ќе се покаже, вели премиерот

Катерина Ѓуровски

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Продолжува комисиската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година

Почнува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година