Сенатот на Универзитетот ФОН на денешната седница едногласно го избра Академик Владо Камбовски за нов Ректор на Универзитетот.
Досегашниот Ректор проф.д-р Александар Николовски, ќе биде директор на Докторските студии на ФОН.
Истовремено сенатот ги изгласа и проф.д-р Симе Арсеновски како Проректор на Универзитетот, доц.д-р Катерина Апостолска како нов Декан на Факултетот за Дизајн и мултимедија и проф.д-р Зоран Гацовски за нов Декан на Факултетот за информатика.
Кадровите промени на Универзитетот се извршени согласно 5 годишната стратегија на ФОН за приближување кон Лисабонската агенда и стратегијата за регионален развој.