Семејството на Владо Јаневски ја информираше јавноста за деталите околу последното испраќање на македонскиот пејач, композитор и текстописец.
Сите кои сакаат да му оддадат последна почит ќе можат да се збогуваат со Јаневски во капелата на Градските гробишта во Бутел, во среда (1 јули), во периодот од 10 до 11 часот.
Погребот ќе се одржи веднаш по простувањето, на гробиштата во Бутел.
Информацијата беше споделена од семејството преку „Авалон продукција“, со молба да биде пренесена до пошироката јавност.
„Има нешто посилно од сѐ“, стои во објавата на „Авалон продукција“, со која ја пренесоа пораката од семејството.
