Владини делегации се вклучија во програмата за одбележување на празникот Ден на ослободување на Скопје

Од:

Делегации на Владата на Република Македонија по повод Ден на ослободувањето на Скопје, денеска зедоа учество во програмата за одбележување на празникот, во организација на Град Скопје.

Заменик претседателот на Владата на РМ и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, министеркaта без ресор задолжена за странски инвестиции Зорица Апостолска и заменик министерот за економија Кире Наумовски, во име на Владата на Република Македонија, положија свежо цвеќе на Споменикот на ослободителите на Скопје во дворот на Владата, каде што беше одржана и централната манифестација во организација на Град Скопје.

Владина делегација во состав министерот без ресор задолжен за дијаспора Едмонд Адеми со министерот без ресор во Владата на Република Македонија, задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија Зоран Шапуриќ, положија венци со свежо цвеќе на партизанските гробишта во Бутел, како и на гробот на генерал Михајло Апостолски

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски