ВИДЕО: Владата преку ноќ ја отстрани таблата од фасадата, се чека новиот натпис со Северна

Од:

Владата преку ноќ ја отстрани таблата од фасадата со натписот – Влада на Република Македонија. Дека го нема стариот назив, јавноста дозна утрово кога фасадата осамна без старата табла. Од Владата не појаснуваат зошто на овој начин е отстранет стариот назив, иако пред на дојдат на власт ветија дека сите одлуки и постапки ќе ги извршуваат транспарентно. Од таму само информираа дека натписот бил отстранет затоа што во текот на денот ќе се организирала церемонија пред платото на Владата со подигнување на знамето на НАТО.

Засега нема информации кои институции, по Владата, ќе го впишат новото име, но сè поизвесно е дека Собранието, Министерството за надворешни работи и Министерството за одбрана ќе бидат следните институции што ќе ги заменат старите табли со нови на кои на ќе биде впишано името Република Северна Македонија.

За поставувањето на таблите со новото име во институциите, надлежна ќе биде меѓуресорска група, која ќе треба да изработи сеопфатен национален акциски план за понатамошните мерки и активности за извршување на обврските на Република Македонија кои произлегуваат од договорот со Грција. Воедно, натписите треба да бидат усогласени со Законот за јазиците, односно новото име, освен на македонски, треба да биде впишано и на албански јазик.

За оваа постапка соодветни препораки ќе добијат и единиците на локалната самоуправа, а секторите и службите за односи со јавност на државните и јавните институции добиваат насоки за употреба на уставното име во согласност со усвоените амандмани.

Според најавите, додавката Северна набргу ќе ја добијат граничните премини и државната граница на нашата земја. Табла со македонскиот државен грб и двојазичен натпис Република Северна Македонија/Republic оf North Macedonia е подготвена за поставување на преминот Богородица на македонско-грчката граница. Фотографија од граничната табла објавија и повеќе грчки медиуми со неофицијални најави дека таа ќе биде поставена денеска.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

Владата фатена во лага, не субвенционира 73% од сметките за струја, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Обвинителството потврди: Истрага за фирма која ја чисти Владата

Катерина Ѓуровски

Социјално ранливите категории и пензионерите четири месеци ќе добиваат помош од државата

Катерина Ѓуровски

Митилинеос – Когенеративна постројка Скопје“ доби статус на стратешки инвестиционен проект

Ќе се зголемат платите на војниците, Владата го утврдила текстот на Законот за служба во АРМ

Владата почнува кампања „Сега се е јавно, корупцијата не се исплати“

Катерина Ѓуровски