Владимир Талески останува во домашен притвор, одлучи Апелациониот суд

Од:

Апелациониот суд не ја прифати жалбата на битолскиот градоначалник Владимир Талески и го потврди домашниот притвор во траење од 30 дена.

– Апелационен суд Скопје до Основен суд Скопје 1 – Скопје ја достави одлуката за осомничениот В.Т. кој е опфатен во предметот на СЈО во јавноста познат како „Транспортер“ со која се потврдува решението на Кривичниот совет на Основен суд Скопје 1 – Скопје, а со тоа мерката куќен притвор останува за истиот, напишаа од Основниот суд Скопје1.

Специјалното јавно обвинителство отвори истражна постапка „Транспортер“ во која ги испитува сомненијата за сторени злоупотреби со превоз за ученици од страна на Владимир Талески, градоначалник на Битола и претседателот на локалната Комисија за јавни набавки при што се осомничени дека злоупотребиле речиси 360.000 евра од државниот буџет.

Донесена е наредба за спроведување истражна постапка против 22 лица, поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување.

Би можело да ве интересира

Осумдневен притвор за двајцата вработени на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“

Перпарим Бајрами излегува од притвор со гаранција од 1,1 милион евра

А1он

30 дена притвор за Марко Кричак и Бошко Секуловиќ

Обвинителството бара притвор за 20-годишник кој нападна дете од спротивната навивачка група пред „Јане Сандански“

Горан Наумовски

Триесет дена притвор за осомничените за убиствата во Хром и во Ѓорче Петров

Се бара притвор за 20 годишник од тетовско – осомничен е за компјутерски криминал и дистрибуција на детска порнографија

А1он