А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Владимир Пешевски го штител државниот интерес – побара да не се пушта „бомба“ пред новинарите

by А1он29/05/2018 - 11:3829/05/2018 - 15:23427
Share0

На судењето за предметот „Траекторија”, обвинетите преку нивните адвокати бараат судот да ја исклучи јавноста при пуштањето на „бомбите“.

Добивај вести на вибер

Во судницата се пуштаат „бомби“ кои се докази во постапката, но не сите, туку оние за кои адвокатите на обвинетите дале согласност.

Во сите разговори главен лик е ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески. Тој се договара со експремиерот Никола Груевски за потпишувањето меморандум и посетата на Кина.

Во разговорите улога има и Оливер Шамбевски кој интензивно комуницира со Миле Јанакиески за начинот на кој треба да биде договорена средбата во Кина.

Вредноста на автопатот Штип – Миладиновци, како што му вели Јанакиески на Груевски е 288 милиони евра, а проценетата вредност била 250 милиони евра со камата од 3% и вклучен грејс-период.

Обвинителката Лиле Стефанова побара да се пушти една од „бомбите“ редоследно, но на тоа се спротивставија обвинетите.

Обвинетиот Владимир Пешевски рече дека штителе државен интерес и затоа побараа пред да се произнесе судот со формално решение за исклучување на јавноста снимката да не се пушта пред новинарите.

Судијата Горан Бошевски рече дека на крајот ќе се произнесе за сите бомби кои не биле репродуцирани, дали ќе бидат пуштени во присуство на јавноста.

Васко Маглешов

sjotraektorija

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Горан Наумовски12/02/2026 - 13:20

Бубевски вели дека Кадриу кажува измислици и клевети, бара извинување или ќе тужи

Катерина Ѓуровски11/02/2026 - 09:24

Груевски, Јанакески и Пешевски нема да одговараат за „Траекторија“

Катерина Ѓуровски03/11/2023 - 11:20

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески13/09/2023 - 10:4013/09/2023 - 11:04

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски16/02/2023 - 08:2216/02/2023 - 10:28

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов12/05/2022 - 19:1413/05/2022 - 10:51
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен