Со владиката Агатангел на чело и патриотска музика почна протестот за одбрана на името

Од:

Со патриотски и народни песни, поворката која протестира за одбрана на името Македонија се упати кон Собранието. На чело на поворката е владиката Агатангел, кој денеска за „Макфакс“ изјави дека ќе учествува на протестот, но дека нема да го предводи.

„Македонија, Македонија“, „Заев предавник“, извикуваат демонстрантите. Се веат државни знамиња, а може да се забележат и знамиња на ВМРО-ДПМНЕ.

Учесниците носат транспаренти „Македонски јазик за сите дома и во светот.

Поворката која се движи од пред зградата на ЕУ инфо центарот до Собранието го обезбедува полицијата, а ја предводи возило со озвучување и македонски знамиња.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски

За Илија Димовски „Никогаш Северна“ по дома, но секогаш Северна во европските фотелји

Габриела Димковиќ-Мишевска

Габер не очекува застој во работата на македонско-грчкиот експерски комитет поради предврмените избори

Ана Ололовска