Владата усвои план за прераспределба на „рамковните“ административци

Од:

Владата го усвои планот за распределување на административните службеници вработени преку програмата К5. Новите решенија за работа ќе им бидат доделени во наредните денови. 1349 лица ќе бидат распределени во 237 институции.

Министерството за финансии веќе има дадено согласност за планот за систематизација на административните службеници, додека Министерството за информатичко општество и администрација е задолжено во рок од седум дена од приемот на актите за систематизација на овие административни службеници да ја заврши постапката за согласност за работните места каде што ќе бидат сместени овие административни службеници.

Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците е должно во рок од 15 дена по усвојувањето на Планот, да изготви индивидуални одлуки за секој административен службеник што ќе биде систематизиран во органите на државната администрација.

Органите на државната администрација се должни на административните службеници кои ќе ги прифатат во нивните институции, да им овозможат стручна обука со цел да ги подобрат нивните знаења и вештини.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ивановска: Груби не дава информации за имотот, податоците ги крие зошто барањето не било и на албански

Александар Тодески

Министерството на Груби е најзатворена институција, покажа истражувањето за Индексот за отвореност

Орце Костов

Реакција на Министерството за политички систем: Отпуштените од „Комунална хигиена“ не се вработени со Програмата за правична застапеност

Груби го достави планот за 1.357-те нераспределени службеници – ќе ги згрижат 258 институции

Жарко Настоски